Уште еден тропски ден, во текот на кој ќе биде сончево и многу топло. Во доцните попладневни и во вечерните часови се очекува нестабилно време со врнежи од дожд во источните предели.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 24 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 30 односно до 38 Целзиусови степени со висок УВ индекс со вредност 8.
Според најавите на метеоролозите, во понеделник во Македонија во утринските часови ќе престануваат врнежите во источните предели, а во текот на денот ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 29 до 37 Целзиусови степени со УВ индекс 8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.