| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето кое го носеше расистичкиот дуксер на „Ејџ енд ем“ доби милионска понуда за реклама

Момчето кое беше вест број еден минатите денови, она кое носи дуксер со расистичка реклама на „Ејџ енд ем“ доби милонска понуда.

На рекламата момчето, Афроамериканец носи зелен дуксер со слоган „најкул мајмун во џунглата.“  Рекламата беше оценета како крајно расистичка и неразмислена, по што следуваше соодветно извинување од брендот.

Но, изгледа мајката на детенцето кое беше модел за дуксерот, не мисли дека се случило нешто страшно. Жената со име Тери Манго, која се претставила како мајка на детенцето, на Фејсбук го сподели своето мислење за овој „непотребен проблем“.

„Јас сум мајката и ова е еден од стотиците аутфити кои мојот син ги рекламираше. Престанете постојано да плачете, непотребен проблем… преболете го веќе еднаш.“

Изјавата се појави откако Пи Диди му понуди на детенцето договор за моделинг за неговиот бренд, вреден еден милион долари.

Додека тимот на Пи Диди ништо не потврдува, раперот на Твитер сподели модифицирана фотка на која детенцето носи круна и дуксер со натпис „најкул крал во светот.“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top