
Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчката ТВ ЕРТ, Светиот синод ќе испрати и допис до грчкиот премиер Алексис Ципрас за да ги изрази ставовите на црквата.
По повод засилената дипломатска раздвиженост за името, Светиот синод на ГПЦ соопштува дека ја дели агонијата и на архиереите од грчката област Македонија, но и на народот, а со нејзината одлука од вчерашната и денешната седница потсетува кои се позициите во однос на разговорите за името.
Паралелно, преку соопштение до медиумите, ги изразува ставот и заклучоците од состанокот и бара од грчката влада да ја разбере нивната загриженост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


