| четврток, 6 декември 2018 |

Старите имиња на училиштата ќе стојат на свидетелствата на основците од Чаир

Основците од скопската населба Чаир ќе се запишат во средните училишта со сведителства во кои ќе стојат претходните, а не новите имиња на училишта. Ваквата разрешница го означи крајот на  неколкумесечните натегања меѓу  Министерството за образование и општината во кои локалната самоуправа беше предупредена дека  нема да бидат валидни  документите за завршено основно образование во кои евентуално би стоело новото име.

Дали сепак, на сведителствата од наредната учебна година ќе бидат испишани имињата на албанските дејци  кои се сега на таблите на училиштата, или на претходните со  личности од македонската историја веројатно ќе биде предемет на понатамошни преговори.

-Разговараме со општината, и секако дека секое решение ќе биде во инетерс на децата, рече Спиро Ристовски, министер за образование.

За упис во средните училишта се обезбедени 34.970 места. Најголемиот број, или 22.694 се за стручно образование. Министерот за образование не очекува какви било проблеми и покрај сите недостатоци со ектерното тестирање и електронскиот дневник.

Наставниците имаа огромни технички  проблеми со навременото внесување на оценките во овој дневник и се жалеа дека работат под секојдневни притисоци  од страна на инспекцијата која им се заканувала со казни.

-Ја разбирам нервозата на наставниците, ќе се подобри системот, но лична одговорност имаат и наставниците кои навреме не го попочнуваат овој дневник, рече Ристовски.

Бројот на потребни поени за запишување во средно училиште останува ист, и тоа, 60 за гимназиско образование , за здравствена струка 70 поени, за економско правна и трговска 60 ,а за сообраќајна стука 55 поени. Пријавувањето и запишувањето ќе се врши во два уписни рока, јунски рок со две пријавувања и августовски со едно пријавување. Првото е на 24 и 25 јуни. Второто пријавување е на 1 и 2 јули, а во август ќе има едно пријавување, и тоа на 22 aвгуст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top