| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје ја доби првата автоматизирана метеролошка станица

Предадена е во употреба првата автоматизирана метеоролошка станица во Скопска Котлина. Станицата, која се наоѓа во дворот на ОУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош и е прва во мрежата за мезометеоролошки мерења на Градот Скопје, ќе мери температура на воздухот, релативна влажност, правец и брзина на ветерот и количество врнежи, а ќе овозможи и континуирано следење на временските услови во Скопје во текот на годината. Со повеќегодишно мерење ќе се добијат показатели за промените на климата во Скопска Котлина.

Апаратурата чини околу 10.000 евра, а средствата се обезбедени со кофинансирање на Општина Карпош, Град Скопје и на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top