Пејачката Цеца Ражнатовиќ после 15 години проговори за не толку убавиот период во нејзиниот живот, кога во 2003 година била уапсена во акцијата Сабја и четири месеци поминала во Централниот затвор, а еден детал кој го откри, изненади многумина.
Додека била во притвор, министерот за човекови права и малцинства, Расим Љаиќ го посетил затворот, па и пејачката.
-Тој беше во посета на Централниот затвор, па така дојде и до мене. Ме праша, онака човечки: Цецо, дали јас можам нешто да нправам за вас? Му реков: Да, секако! Ми треба пинцета за средување на веѓите, не ми даваат – открила Цеца и додала дека Расим бил шокиран од нејзината скромност.
-Што се однесува до него, можам да кажам се најдборо. Исклучително голем господин и за него имам само пофални зборови – рекла Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.