Изгоре дел од покривната конструкција од домот на семејството Сулејманови во штипската населба „Радански пат“. Командирот на смена во ТППЕ-Штип, Тони Ѓоргиев вели дека пожарот избувнал претпладнево, а на терен излезгле осум пожарникари со две возила.
Тој посочи дека пожарот е локализиран во 13 часот и за среќа нема повредени.
Полицијата ќе ги утврдува причините за пожарот, а според првичните информации се претпоставува дека настанал од неисправна електрична инсталација или неисчистен оџак.
Ѓоргиев апелира граѓаните кои се греат на дрва да бидат внимателни и навреме да си ги чистат оџаците, бидејќи според нивните анализи во зимскиот период токму неисчистените оџаци се причина за најголем број од локализираните пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.