Непознато лице вчера околу 23:30 часот со пиштол му се заканило на Е.С. (25) од Гостивар и на неговата сопруга по што испукало еден куршум во воздух и побегнало во непознат правец.
Како што информира МВР, додека Е.С. бил паркиран покрај патот Тумчевиште – Чегране со своето возило „БМВ“, во кое се наоѓала и неговата сопруга, до нив застанало друго возило „БМВ“. Од возилото излегло непознато лице, му се заканило по живот, а од него и неговата сопруга побарало да излезат од возилото.
Тогаш извадило пиштол и испукало еден куршум во воздух, по што со неговото возило побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.