| четврток, 6 декември 2018 |

Климатските промени ќе имаат глобални размери, со сериозни влијанија по животот на луѓето

Поради силното влијание не климатските промени, се повеќе ќе се зголемува просечната температура, јавува „24 вести“. Експертите предупредуваат дека летата ќе стануваат се потопли, а ќе се зголеми бројот на смртни случаи од топлотни бранови.
Потоплите температури, комбинирани со зголемената УВ радијација и урбаното аеро загадување ќе допринесат се потешко да се дише, посебно во урбаните средини.
Географските, временските и еколошките промени ќе влијаат на заболувањата, драстичното намалување на водата и храната. Топлотните бранови ги изложуваат на ризик постарите лица, децата и луѓето со хронични заболувања. Земјава преку акционен план ќе ги превенира директните влијанија од топлотните бранови. 2012 година беше деветата најтопла година од 1850 година, од кога се смета дека има вистинско споредливо мерење на температурите.

Климатските промени се очекува да имаат глобални размери, со сериозни влијанија по животот на луѓето и материјалните добра како и економијата на целата цивилизација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top