Организмот може да се разлади со туширање и внесување на течности, но не студени, бидејќи тој повторно се затоплува до оптималната телесна температура и така дополнително се троши енергија, советуваат докторите.
Тоа е случај кај прегрејувањето на организмот, докторите потенцира дека топлотниот удар и сончаницате се сериозни состојби кај кои неопходно е да се побара помош од лекар.
Лице во таква состојба прво треба да се сокрие во ладовина и што побрзо да се однесе на лекар.
За да се избегнат последиците од високите температури, треба да се носи памучна облека, да се заштити главата, да не се прејадуваме, да не се јаде масна храна и физичката активност да се намали на минимум.
„Кај високите температури доаѓа до проширување на крвните садови и паѓа крвниот притисок, па сите мора да се пазат и здравите и болните“, потенцираат докторите.
Корисно е да се престојува во природа, барем во парковите, а станбените простори да не се отвараат во текот на денот, туку подоцна навечер кога температурата ќе се намали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.