| четврток, 6 декември 2018 |

„Арго“ и Бен Афлек го освоија „Златниот глобус“ за најдобар филм и режисер

Бен Афлек е добитник на наградата „Златен глобус“ за најдобар режисер на годиншното јубилејно 70. издание на престижните филмски признанија кои се предвесник на она што следува за еден месец – доделување на „Оскар“. Тој ја доби наградата за својот филм „Арго“ кој воедно беше прогалсен и за најдобар филм.

Дениел Деј Луис ја освои наградата за најдобар актер во главна улога во драмата „Линколн“, а Џесика Честејн ја освои наградата за најдобра женска главна улога.

На британската пејачка Адел и припадна „Златниот глобус“ за најдобра филмска музика благодарение на насловната тема на филмот „Сјакфол“. Наградата за најдобро сценарио му прпадна на Квентин Тарантино за „Џанго Разузданиот“. Кристоф Волц беше прогласен за најдобар актер во споредна улога во филмот на Тарантино. Филмот „Љубов“ на австрискиот режисер Михаел Ханеке го доби „Златниот глобус“ за најдбар странски филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top