| четврток, 6 декември 2018 |

Голем успех за Горазд Чепишевски, ќе плива во финалето на 200 метри грбно

Голем успех во Мерсин на Медитаеранските игри забележа македонскиот пливач Горазд Чепишевски. Тој постави нов македонски рекорд на 200 метри грбно со резултат 2 минути, 8 секунди и 66 стотинки, што му овозможи да се пласира во финалето со шесто време во оваа дисциплина.

Денеска во пливачките дисциплини настапи и Анастасија Богдановски, на 50 метри слободно, и имаше време од 26,94, доволно за 11. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top