Откако синоќа беше потврдено дека овој зимски преоден рок Барселона со своите редови ќе го доведе Филипе Кутињо за 160 милиони евра, шпанските медиуми јавуваат дека ова нема да биде единствениот трансфер за „каталонците“ кој ќе се реализира месецов.
Барса уште одамна е сериозно заинтересирана за 195 сантиметри високиот дефанзивец на Бразилскиот Палмеираш, Јери Мина. Се работи за 23-годишен Колумбиец за кој беше планирано да дојде во Барселона по завршување на сезоната.
Сепак, со заминувањето на Хавиер Маскерано во Кина, се отвора дупка во дефанзивната линија, па Мина треба уште во наредните неколку денови да пристигне во каталонската престолнина. Договорот на дефанзивецот треба да биде до јуни 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.