Оптимизам дека двете страни можат да најдат решение на проблемот со името до крајот на првата половина на 2018, изразил македонскиот премиер во интервју за грчката телевизија Алфа.
Заев, како што јавува дописникот на МИА од Атина, рекол дека решението треба да биде прифатливо и за двете земји, со коментар дека такво решение постои, но избегнал да открие детали. Тој коментирал дека со Ципрас делат исти лидерски вредност, родени се во иста година, па „може Господ така сакал да се родиме во иста години за да можеме токму ние лидерите да решиме еден суштествен проблем кој постои помеѓу нашите две земји“.
– Убеден сум дека постои решение и редот е секако тоа решение за граѓаните на Грција да го соопшти премиерот Алексис Ципрас, а јас на моите граѓани овде да им го соопштам решението. Но, верувам дека постои можност до крајот на првата половина од 2018 да изнајдеме решение, кое што дефинитивно ќе ја унапреди соработката меѓу нашите две земји и кога конечно, јас ќе можам да кажам како премиер на мојата земја, дека стекнавме уште еден голем сојузник, а тоа е нашиот јужен сосед, истакнал Заев во интервјуто.
Прашан за црвените линии, вели дека ако постојат црвени линии тие би биле само кочници или блокада во изнаоѓањето решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР