| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Полициската станица Куманово: Избувнал во Одделот за аналитика, го предизвикал спој на термопечка

Пожар избувнал утрово во Полициска станица Куманово, а според неофицијални информации во него изгорела одредена документација на Секторот за внатрешни работи Куманово, јави локалниот портал Кумановски муабети.

Пожарот избил во Одделот за аналитика при СВР Куманово, а од увидот е констатирано дека причина е дотраена инсталација која довела до спој на термопечка, велат од Министерството за внатрешни работи. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Висината на материјалната штета, како и што изгорело во пожарот дополнително ќе се утврдува, додаваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top