| четврток, 6 декември 2018 |

Прв триумф во 2018, Барселона рутински го победи Леванте (видео)

Фудбалерите на Барселона го запишаа првиот триумф во 2018 година во Примера и тоа над Леванте на нашиот Барди. Оваа средба македонскиот репрезентативец ја пропушти поради жолти картони, меѓутоа и да беше присутен на денешниот меч на „Камп Ноу“ прашање е дали ќе можеше да помогне да се избегне поразот од 3-0. Лидерот во шпанскиот шампионат дојде до новите три бода рутински со два погодоци во првиот дел и во последните мигови од средбата.

Во 12 и 38 минута на асистенции на Алба и Роберто мрежата на гостите од Валенсија ја погодија Меси и Суарез. Точка на преставата стави Паулињо во 93 минута на додавање на Меси.

Барса сега има 48 бода со што ја задржа предноста од 9 бода во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top