| четврток, 6 декември 2018 |

Светски диџеи во Тетотво – вечерва вториот „Рилајв фестивал“

Вечерва на вториот по ред „Рилајв фестивал“ во Тетотво ќе гостуваат светски познатиот диџеј и продуцент Баги Беговиќ (Baggi Begovic ) од Холандија, и ветеранот на шпанската сцена Влада Ашанин.

Повторно во организација на тетовските кафулиња „Аменезија“, „Медисон“ и „Републик“, во соработка со „Горила продукција“, Спортскиот центар во Тетово ќе ги собере младите луѓе од целиот регион кои се желни за добра забава и за квалитетна електронска музика.

Ако првиот фестивал собра неколкуилјадна публика, која со гласни овации ги поздрави домашните Александар Галовски-Пилот, Марга Сол, Дени Бегич и Оливер Петковски, како и ветеранот на електронската музичка сцена, Хуан Алварез, овојпат, на вториот по ред „Рилајв“ тетовци и нивните гости ќе можат да уживаат во музиката на македонските диџеи Александар Галовски и Бранчез. Потоа со диџеј-сет ќе се претстави и Влада Ашанин, кој веќе е 20 години присутен како диџеј и продуцент, а диџејскиот пулт го делел со некои од најголемите имиња, како Mарк Најт, Курд Маверик, Токадиско, Крис Лејк, Дејвид Пен и многу други.

Како врв на вечерта ќе настапи холандската сензација Баги Беговиќ попознат по неговата преработка на легендарната „Смелс лајк тин спирит“ од Нирвана заедно со Рене Амез, но и по бројните ремикси на Рита Ора, Род Стјуарт и Кели Кларксон. Силното присуство на Ибица и како резидент диџеј во најпознатите европски клубови, Баги издигнува еден голем левел во неговата кариера во која се запишани неколку големи соработки со светски познати ѕвезди Тиесто, Ерик Морило и Роџер Санчез.

Второто издание на фестивал „Рилајв се одржува во Спортскиот центар во Тетово со почеток во 21:00 часот. Влезниците  во предпродажба чинат од 200 денари, а на врата 250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top