Седум телевизори, по четири компјутери и монитори, три принтери и еден апарат за игри со кучиња како и поголема сума пари открила и одзела со потврда полицијата при контролата и увид извршен вчера во локал – нелегална спортска обложувалница во тетовска Мала Речица.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информираше дека локалот бил во сопственост на 19-годишниот Г.Х. од истото село.
– При контролата што била извршена околу 17 часот во локалот биле затекнати и двајца вработени Р.Н.( 26 ) и М.Ш.( 24) од Мала Речица, рече Јосифовски.
По расчистување на сите поединости ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицијата го бара а тој пие кафе на сред село: Нови детали за убиството во тетовско
-
Сѐ уште нејасни мотивите за убиството
-
Преживеа 22-годишниот Флорим Мисини кој беше ранет во Мала Речица: Лекарите му го спасија животот
-
Чаури, неиспукан куршум и безбол палка на местото на вчерашното пукање во Мала Речица