| четврток, 6 декември 2018 |

Американецот Ентони во Скопје: Имате толку мали плати, а живеете толку слободно и убаво

Ентони е Американец кој неодамна ја посетил Македонија. Претхоно не ни имал слушнато за неа, но откако започнал да работи на интернет со неколку Македонци, добил желба да ја посети.

– Знаев само дека постои земја која се вика Македонија, ништо повеќе. Откако почнав да работам со група Македонци, со кои се запознав на интернет, почнав да се интересирам за каква земја станува збор. На почетокот не бев толку близок со нив, па почнав да барам на интернет нешто повеќе. Не најдов ништо интересно, што можеше да ме привлече. Постепено почнав да се спријателувам со моите колеги, и така почнав да ја запознавам Македонија. По нивните кажувања, ниту тие не си ја нешто сакаа многу земјата, но успев да заклучам дека живеете опуштен живот. Бидејќи сум туристичи патник, на листата на земји кои сакам да ги посетам во иднина беше и Македонија. Тоа и се случи, ја почнува својата приказна Ентони.

Тој вели дека сепак е изненаден од Македонија и Македонците. Очекувал нешто многу помалку, но сепак добил друга позитивна слика.

– Кога стигнав во Македонија, моите колеги постојано ме шетаа. Најпрвин ме одведоа во кафеана, таков е адетот. Го пробав најпрекрасниот алкохол, ракија. Не се сеќавам како заврши таа вечер. Се шетавме, низ главиот град, бевме во Охрид, во Кокино, и уште на многу прекрасни места. Луѓето се прекрасни. Гостопримливи. Храна е толку многу вкусна и посебна, вели Ентони.

Додека престојувал во Македонија имал прилика да оди на домашна слава Св. Архангел, кај еден од колегите.

– Луѓето знаат да се дружат. Јадење на масата имаше колку сакаш. И пиење. Нешто се славеше. Кај нас го нема тоа. Не одат луѓето на гости еден кај друг. Ретко кога роднините се среќаваат. И тоа ќе се сретнат некаде надвор, не во домашна атмосфера.

Ентони од сето тоа што можел да забележи, изненаден е од платите кои ги земаат Македонците. И покрај тоа што имаат многу ниски примања, тие знаат како да уживаат. Како да си го направат животот поубав. Одат на работа, доаѓаат дома и имаат слободно време за други активности. За дружење, за излегување, за рекреација.

– Добар народ се Македонците. За жал имаат ниски примиња, мали плати. Каков би им бил животот доколку имаат малу поголеми плати, се прашува Ентони, кој си замина од Македонија со позитивна слика за тоа што можеше да го види.

(извор – Скопјеинфо)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top