| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен силувачот од струмичко: За четири дена се обидел да силува 5 жени во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од струмичко село, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „силување“.

– Пријавениот ги извршил делата во периодот од 1:45 часот на 29 декември до 5 часот на 2 јануари оваа година на подрачјето на Струмица. Според  документираните сознанија, Т.Т., на улиците „Васил Сурчев“, на бул. „Маршал Тито“, „Младинска“, ул. „Невена Стојкова“ и ул. „Народна Револуција“, ги напаѓал жртвите, но откако му пружале отпор бегал од местото, рече портпаролот на СВР Струмица, Хризатема Рендевска.

Таа информираше дека на втори јануари годинава по извршено кривично дело, во момент кога бегал, Т.Т. бил забележан од полициски службеници, по што бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Струмица.

По целосно документирање на настанот, тој со кривична пријава е предаден во Основното јавно обвинителство Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top