На патот А3 во близина на Битола, на исклучувањето кон село Кажани, вчера околу 7,25 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Г.А. од Битола и возило „Ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од 27-годишниот Б.М. од Струга.
Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.