Основното јавно обвинителство од Прилеп денеска соопшти дека се води постапка против 24-годишниот прилепчанец кој за време на новогодишната ноќ го запалил кафе барот „Паб корнер“ со основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.
Тој на 31 декември околу 18 часот имал вербална расправија со еден од вработените и со менаџерот на објектот и без да го плати долгот, заминал заканувајќи се дека ќе го запали пабот бидејќи е навреден.
Потоа купил три шишиња со запалива течност и во три часот се вратил во пабот и го запалил со што предизвикал значителна материјална штета. На осомничениот му е одредена мерка притвот во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.