| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не ги слушнал повиците за помош: Струмичанка нападната во влез од зграда

Во 18 часот во Струмица на улицата „Ката Поцкова“, непознат сторител извршил разбојништво врз 55-годишната Л.Ѓ. од Струмица.

Имено, насилникот откако се доближил до жената, во моментот кога таа влегла во влез од зграда, физички ја нападнал обидувајќи се да и ја земе торбата при што почнал да ја удира со раце во пределот на главата и телото.

Л.Ѓ. паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите од десната рака. Напаѓачот ја земал торбата во која според пријавеното имало 76.000 денари, 1070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top