фото: Струмица нет
Денеска околу 10:00 часот избувна пожар во еден од напуштените објекти на поранешната фабрика “Струмичанка“.
Според информациите од Противпожарната Единица во Струмица, опожарена е мрежеста кровна конструкција со салонит и истиот е локализиран. Ангажирани се три противпожарни возила и 12 пожарникари.
Истрагата на надлежните институции ќе ја утврдуваат причината за настанувањето на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


