| четврток, 6 декември 2018 |

Битола со најголем број на културни и музички настани цело лето

Со обележувањето на Солстис – меѓународниот празник на музиката и настапите на осум локации на музички состави како „Распеани прилепчани“, „Кабадаја бенд“, „Калабалак“ и исклучителните „Фолтин“, вчера се најави осмото издание на битолскиот фестивал „Бит фест“.

solistis

Солистис е празник се слави во 340 градови во светот од вкупно 110 држави, Франција го празнува од 1982 година, а Битола по 11-ти пат. По тој повод, низ градот синоќа од 20 часот до 01.00 по полноќ прозвучеа звуци на етно, поп, рок и пред голем број посетители, а како дел од овие настани  вечерва во културниот центар Магаза се отвора изложба на Лилјана Матевска, а во понеделник со почеток во 20.00 часот во „Народен театар“премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Дива“ во  режија на Софија Ристевска.

diva sofija ristevska

Осмото издание на БИТ ФЕСТ – битолското културно лето оваа година има рекордни 242 содржини, а свеченото отворање е на 25 јуни во античкиот театар Хераклеја, со концерт на Раде Шербеџија и Западни Колодвор Бенд.

Паралелно со овој културен настан на 26 јуни, по 12-ти пат започнува уште еден традиционален летен фестивал. „Битола отворен град“ во организација на Младинскиот културен центар и „Фреш Јунион“, во својата богата програма го вбројува и познатиот светски диџеј Мајкл Греј.

Mанифестацијата „Битола отворен град“ е дел од Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ 2013“ и содржините во рамките на “Битола отворен град“ се под покровителство на Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески како и целиот БИТ ФЕСТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top