Уште двајца мажи лица побарале лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по верижниот судир на неколку возила кај клучката Хиподром кој се случи утринава.
Претходно, полицијата потврди дека има повредена жена која е пренесена на Ургентниот центар во Скопје така што засега вкупно три лица се повредени во сообраќајната незгода.
Сообраќајката се случи меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.