| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за пожарот и експлозијата во Хиподром

pozar1_0

Маж на возраст од околу 70 години е лицето кое попладнево го загуби животот во пожарот кој избувнал во стан во скопски Хиподром.

Од полицијата информирале дека кај нив е пристигната пријава за пожар во стан во зграда а улицата „Жан Жорес“, а смртта е констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош.

Дел од медиумите објавија дека мажот кој се наоѓал во станот се обидел да излезе од истиот, но не успеал навреме да ја отвори вратата, па најверојатно починал како последица на задушување.

Веднаш по избувнувањето на пожарот дошло и до експлозија на плинската боца којашто се наоѓала во станот, велат очевидците од околните згради.

Полицијата на местото на несреќата ќе врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top