| четврток, 6 декември 2018 |

(фото) Изгрејсонцето над Кокино во Лос Анџелес Тајмс

kokino

Лос Анџелес Тајмс денеска на својата интернет страница ја објави фотографии направени на изгрејсонце на опсерваторијата Кокино, заедно со фотографиите од Стоунхенџ.

„Летната рамноденица, почетокот на летото, ги собира посетителите во Стоунхенџ, како и во Кокино во Република Македонија, да го набљудуваат раѓањето на најдолгиот ден во годината на северната хемисфера“, стои во текст на ЛА Тајмс.

-Фотографиите се направени на изгрејсонце, околу 6 часот. Овој весник, во последните две до три години има објавено најмалку 10 мои фотографии, вели фотографот Роберт Атанасовски.

kokino1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top