| четврток, 6 декември 2018 |

На Новогодишната ноќ прегазени пешаци, две момчиња се борат за живот

Според полициски информации, околу 3.30 часот утрово, на улица „Алексо Демниевски“, Т.Т (33) од Велес изгубил контрола над патничко моторно возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки и удрил во пешаците кои во тој момент ја преминувале улицата: К.К (19), Б.Д (18), Ф.К(18), сите од Велес, а потоа удрил и во потпорен ѕид од камења.

Со возило на Итна медицинска помош во Општа болница Велес пренесени се пешаците К.К и Ф.К каде им се констатирани тешки телесни повреди, препратени се во Клиничкиот Центар -Скопје и се наоѓаат во животна опасност.

Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top