| четврток, 6 декември 2018 |

Нема „пробиени“ екстерни тестови, реагираат од МОН

eksterno-testiranje---janev[1]Излишно е да се говори денеска за „пробиени“ тестови по одредени предмети, кои беа дел од екстерното тестирање кога процесот за утврдување на објективноста на наставниците при оценувањето на учениците заврши на 19-ти јуни, реагираат на шпекулациите од Министертсвото за образование и наука.

Направена е анализа на сите тестови кои беа предмет на дебата и обид за медиумска сензација, посочуваат од МОН, при што било констатирано дека „прашањата не се вородостојни ниту по форма, ниту по содржина на оние што беа изработени од надлежните институции.

– Воопшти не се сомневаме во сигурноста на софтверот преку кој учениците беа тестирани, бидејќи тој е изработен врз основа на стандардите за управување со информатичка безбедност. Резултатите кои ќе бидат објавени следните денови ќе бидат најголем аргумент и потврда за валидноста и успешноста на целиот процес, додаваат од министерството за образование и наука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top