| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден пешак во Куманово: Момче се бори за живот во Медицинскиот центар

Како што соопшти полицијата, незгодата се случила во 15:30 часот на улицата „Перо Чичо“, пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“. Возилото било управувано од Т. Т. (1977).

Т.С е пренесен во Медицинскиот центар – Куманово каде му е укажана лекарска  помош, но поради сериозноста на повредите е пратен  во скопскиот Ургентен центар.

Екипа од Секторот за внатрешни работи изврши увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top