| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Андон Чибишев: Една чашка алкохол за среќна Нова година

-Ма­ке­до­ни­ја има нај­у­ба­ви ви­на во све­тот и дру­ги же­сто­ки пи­ја­ла­ци што се кон­су­ми­ра­ат во одре­де­ни при­го­ди. Не­ко­гаш се кон­су­ми­ра­ат и во по­го­ле­ма ко­ли­чи­на. Тоа, обич­но, се слу­чу­ва за праз­ни­ци, а за Но­ва го­ди­на гра­ѓа­ни­те има­ат оби­чај да се от­пу­штат и да ис­пи­јат мал­ку по­ве­ќе ал­ко­хол. Ед­на ча­ша же­сток пи­ја­лак и ед­на ча­ша уба­во, ква­ли­тет­но ви­но е со­се­ма до­вол­но. Сѐ што е над таа ко­ли­чи­на на одре­де­ни гра­ѓа­ни мо­же да им пре­диз­ви­ка одре­де­ни пос­ле­ди­ци по­ра­ди кои нај­у­ба­ви­от ден во го­ди­на­та мо­же да го по­ми­нат во про­сто­ри­и­те на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја, ве­ли д-р Чи­би­шев

-Но­ва го­ди­на е ед­наш во го­ди­на­та и си­те ние че­ка­ме да дој­де вре­ме за прос­ла­ва. Тоа са­ка­ме да го на­пра­ви­ме во друш­тво на тие што ги са­ка­ме, тие што ни се дра­ги, со ко­го во те­кот на це­ла го­ди­на по­ми­ну­ва­ме и до­бри и ло­ши мо­мен­ти. По­стои не­ко­ја не­пи­ша­на тра­ди­ци­ја де­ка за Но­ва го­ди­на тре­ба мно­гу да се ја­де и да се пие. Се­га ќе збо­ру­вам за пи­е­ње­то. Ма­ке­до­ни­ја е под­неб­је ка­де што тра­ди­ци­о­нал­но се про­из­ве­ду­ва­ат ал­ко­хол­ни и без­ал­ко­хол­ни пи­ја­ла­ци. За ме­не Ма­ке­до­ни­ја има нај­у­ба­ви ви­на во све­тот и дру­ги же­сто­ки пи­ја­ла­ци, кои се кон­су­ми­ра­ат во одре­де­ни при­го­ди. Не­ко­гаш се кон­су­ми­ра­ат и во по­го­ле­ма ко­ли­чи­на. Тоа, обич­но, се слу­чу­ва за праз­ни­ци, а за Но­ва го­ди­на гра­ѓа­ни­те има­ат оби­чај да се от­пу­штат и да ис­пи­јат мал­ку по­ве­ќе ал­ко­хол. Ќе би­де не­се­ри­оз­но јас ка­ко кли­нич­ки то­кси­ко­лог да ка­жам де­ка за Но­ва го­ди­на сло­бод­но мо­же да се кон­су­ми­ра ал­ко­хол или, пак, ни­кој не смее ни­што да се на­пие. Им пре­по­ра­чу­вам на гра­ѓа­ни­те да ја­дат уме­ре­но за Но­ва го­ди­на. Ма­ке­дон­ска­та куј­на, по­себ­но во зи­ма со­др­жи по­ве­ќе мас­но­тии и за­тоа им пре­по­ра­чу­вам да вни­ма­ва­ат на мас­на­та хра­на. Се­то тоа мо­жат да го за­ле­ат со ми­ни­мал­на ко­ли­чи­на ал­ко­хол – ед­на ча­ша же­сток пи­ја­лок и ед­на ча­ша уба­во, ква­ли­тет­но ви­но. Сѐ што е над таа ко­ли­чи­на на одре­де­ни гра­ѓа­ни мо­же да им пре­диз­ви­ка одре­де­ни пос­ле­ди­ци по­ра­ди кои нај­у­ба­ви­от ден во го­ди­на­та мо­же да го по­ми­нат во про­сто­ри­и­те на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја, вели Чибишев.

http://republika.mk/366716

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top