Петре Шилегов и денеска остана доследен на неговиот лидер Зоран Заев. Лаги и манипулации за покривање на неспособноста. Соочени со безидејноста и немањето поддршка за деструктивните политики, СДСМ повторно се користи со начинот кој единствено го знаат, а тоа е ширење на невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е интегралното обраќање на Чибишев од денешната прес конференција.
-Шилегов мисли дека ако сто пати повтори една иста конструкција, дека на тој начин ќе ја претвори во вистина. Затоа ВМРО-ДПМНЕ по стоти пат ќе му одговори дека целокупниот имот, вклучително и зградата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат по легален пат, со целокупна документација и во транспарентна постапка согласно законските нормативи во Република Македонија.
Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е изградено со јавно-приватно партнерство за кое беше распишан оглас. Целокупната изградба на овој објект беше на товар на инвеститорот кој имаше обврска да отстапи најмалку 30% од вкупната бруто развиена површина.
Овде нема ништо скандалозно или незаконски, колку и да сака Шилегов нешто да фабрикува.
Наспроти ова, Шилегов и денес не одговори на прашањата што не засегаат сите нас. Темата од која бега Шилегов е кога ќе им биде вратено на граѓаните тоа што беше приграбено од СДСМ?
Имотот кој СДСМ го неследи од Сојузот на комунисти, беше создаван од парите на сите граѓани на Македонија. Овој имот кој СДСМ го присвои вреди над 5 милиони евра. СДСМ за тоа не чуствива обрвска да се произнесе. Денес повторно го прашуваме Шилегов, кога СДСМ планира да го врати имотот кој им припаѓа на граѓаните на Република Македонија? Ако Шилегов не знае што присвои СДСМ од граѓаните ќе го потсетиме. Се работи за градежна парцела во строгиот центар на Скопје, зградата на на нивниот централен штаб, деловни простории во Битола, Ресен, Неготино, Струга, Кавадарци, Крива Паланка, Богданци, Валандово, Лозово, Крушево и други градови и населени места низ Македонија.
Ете ова е скандал кој СДСМ го премолчува и се обидува со манипулации да го сокрие.
СДСМ и Шилегов им должат одговори на граѓаните кога ќе им го вратат овој имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.