Додека луѓето се подготвуваат за спектакуларни огномети за Нова година, Сонцето подготвува инакво изненадување.
Научници од Националната океанска и атмосферска администрација предвидуваат соларна бура која ќе стигне на Земјата за некој ден.
Таа соларна бура се појавува кога сончевата плазма (плазма, грчки πλάσμα, „се формирано“) — една од четирите основни агрегатни состојби, другите се цврста, течна и гасовита. Плазмата има својства различни од оние во другите состојби), изгори и тргне кон Земјата.
Овие бури создаваат феномен познат како поларен блесок. Ефектот е сличен на оној кога масивен електромагнетен пулс (EMP) предизвикан од нуклеарно оружје е детониран на небото.
Последната голема соларна бура се случила во 1859 година и е наречена „Карингтон настан“. Била толку силна што поради неа се угасиле телеграфските машини на два континенти што овозможилп северниот блесок да се види дури и во Африка, Австралија и латинска Америка.
Оттогаш научниците знаеле дека соларната бура може да биде многу поголема закана. Научниците на магазинот „Атмосферско опкружување“ објавија дека сериозна соларна бура денес може да предизвика штета од 2,6 билиони долари и тоа само во Америка.
Пит Ралји, стар истражувач во Претскажувачката наука (Predictive Science), рекол дека се големи шансите големата соларна бура да стигне на Земјата во наредната деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.