Во голем пожар рано утрово до темел изгоре кафуле во строгиот центар на Прилеп, а причинета е и штета на околните објекти.
Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело да се прошири на повеќе соседни објекти.
Штетите се огромни и првично се проценуваат на преку 200.000 евра.
При настанувањето на пожарот објектот бил празен, но било ангажирано обезбедување. Неофицијално, постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.