Фолк-пејачката Елена Велевска и овој пат се фотографираше во пресрет на Нова година. Облечена во црвен костим, како оној на Дедо Мраз, заедно со двете ќерки и синот, со кои се усогласиле во облеката, претпразнично испратија новогодишна порака.
„Им посакувам среќна Нова година и убави божиќни празници на сите, и посакувам секој да ја најде среќата и своето место под сонцето“, рече Велевска.
На фотографијата таа и нејзините деца облечени во костумот на Дедо Мраз потсетуваат на новогодишна честитка, коментираат нејзините фанови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Елена Велевска изреволтирана реагира на „Инстаграм“: Доста е со глупости!
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Кој е Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска?