Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево ќе се обрати на пригоден настан во чест на 32-от роденден на македонската музичка ѕвезда.
На настанот, кој е во организација на НУ „Спомен-дом на Тоше Проески“ и Меѓународната фондација „Тоше Проески“,а со поддршка на Министерството за култура, ќе биде одржан и музички концерт на кој Билјана Талеска, Андријана Јаневска, „Некст тајм“, Александра Пилева, Кристијан со неговиот бенд, како и „Бендот на Тоше” ќе изведат песни од Тоше, а македонскиот ликовен уметник Сократ Лафазановски ќе подари дело насликано во негова чест.
Премиерно ќе биде претставен спотот за најновата песна на Тоше „Све је ово премало за крај”, од композиторот и текстописец Јелена Трифуновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.