Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и четири деца загинаа во катастрофалниот пожар што се случи во една станбена зграда во Бронкс, Њујорк. Според медиумите, уште четири лица се во критична состојба.
Градоначалникот Бил де Бјазио изјави дека ова е најсмртоносниот пожар во Њујорк во последните 25 години. Причината за пожарот засега не е позната.
Пожарникарите успеале да извлечат 12 луѓе од зградата во пламен.
Пожарот се случи во 100 години стара зграда, која има повеќе од 20 ката.
Изземајќи ги нападите од 11 септември, ова е најтрагичниот пожар во Њујорк од 1990 година, кога во еден клуб во Бронкс загинаа 87 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.