Ноќеска околу 1.30 часот по полноќ се случила тешка сообраќајка на булеварот Србија во Скопје, кога автомобил „ауди А4“, управуван од 28-годишниот Ѓ.Д. се судрило со „пежо 207“, управувано од 60-годишниот А.М. од Скопје.
Возилото од силината на ударот поминало на другата лента на улицата, во спротивна насока, удрило во оградата на бенизнската, па се забило во такси управувано од 58-годишниот Т.Ј. од Скопје.
„Аудито“ по несреќата се запалило и целосно изгорело, а за жал, во несреќата Т.Ј. починал на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.