Возач на такси возило почина, а едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода што се случи ноќеска на булеварот „Србија“ во Скопје, општина Аеродром.
Несреќата се случила околу 01:25 часот кога возило марка „ауди А4“ управувано од Ѓ.Д. (28) се судрило со возило „пежо 207“ управувано од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминало на спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа и во такси возило „шкода октавија“ управувано од Т.Ј.(58) од Скопје.
По незгодата, аудито се запалило и целосно е опожарено. Притоа интервенирала и екипа од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Со тешка телесна повреда, односно фрактура на коленото се здобил Б.М. (21) од селото Сопиште кој бил сопатник во аудиото. Инаку, ова е втора тешка сообраќајка која се случува на булеварот Србија во општина Аеродром за само неколку дена, откако ноќта кон средата возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од С.М. (30) од Скопје изгубилo контрола над возилото и удрилo во метална канделабра, рекламен билборд и ограда. Тој бил пренесен на скопските клиники во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.