Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо уште еднаш доби признание за најдобар играч мината сезона. Португалецот победи пред Лионел Меси во изборот на „Globe Soccer Awards“ (награда за светски фудбалер).
Ова е трето признание за најдобар играч во 2017 по признанијата од „Франс фудбал“ и ФИФА.
Воедно, Роналдо по четврти пат ја добива наградат од Дубаи. Претходно победи во изборите во 2011, 2014 и 2016 година.
– Како можам да најдам место за сите трофеи? Не грижете се, имам доволно простор дома. Благодарам до моите соиграчи мојот тренер. Годината беше многу посебна за мене, со многу трофеи. Благодарност на луѓето што гласаа за мене – изјави Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.