Издавачката куќа „Култура“, издаде сликовница која би требало децата да ги научи на сообраќајните правила, преку авантурите на омилените цртани ликови Маша и Медо. Сепак при разгледувањето на оваа сликовница единствено нешто што паѓа во очи се големиот број на ракописни грешки, недоречени реченици, погрешни зборови или слеани зборови, онаму каде што не е местото за тоа.
На крајот се поставува прашањето што може ваквото едукативно четиво да ги научи децата? На сообраќајни правила или пак како (не)треба да се употребува македонскиот јазик!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.