Наскоро Порта-Македонија ќе добие и свој кафе-бар, јавува Сител.
Владата распиша конкурс за изнајмување на горниот простор од објектот, а се работи за закуп на луксузно уредениот простор со површина од 172 метри квадратни. Закупот ќе стартува со 2,3 евра за метар квадратен или месечната кирија ќе изнесува речиси 400 евра.
Се предвидува кафе барот да работи од 18 до 24 часот и тоа осум месеци во годината – од 1 март , па се до 31 октомври, а ќе се служат алкохолни, безалкохолни пијалоци и толпи напитоци.
Лицето кое ќе лицитира има право пет години да стопанисува со објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извини кафулето од каде беа избркани продавачите на „Лице в лице“
-
Изгоре до темел кафуле во центарот на Прилеп: Штетата е огромна- над 200.000 евра
-
Фудбалска треска: Гол навивач на Манчестер танцуваше на маса среде Скопје (Фото+18)
-
Погледнете кој пејач беше на кафе во „Версаче“ на Шенки (галерија)



