| четврток, 6 декември 2018 |

Судии се степале во суд, откако се скарале за пресуда!

Двајца судии од Апелациониот суд во Гостивар решавале кривични предмети со боксови, дознава Досие. Според информациите се работи за судии Албанци кои минатата среда во просториите на судот започнале жестока расправија околу одлучување за одредени кривични предмети. Расправијата толку многу се вжештила што во еден момент едниот судија почнал насилно да се однесува и го нападнал постариот колега. Силно го удрил во глава и лицето. Удрениот судија вознемирен и со модро лице набрзина излегол од судот.
Тепачката брзо завршила оти биле присутни и други вработени кои ги спречиле судиите физички да се пресметаат. Сепак натепаниот судија по кратко време искористувајќи ја редовната пауза се вратил во судот и продолжил да работи.
Судијата кој го нападнал постариот колега според извори на Досие и досега бил пријавуван за насилно однесување, тепање, учество во обида за убиство, присилба спрема правосуден работник.
Судиите важат за блиски луѓе на двајца градоначалници и член на Судскиот совет.
Институциите засега молчат за овој голем инцидент во судот во Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top