| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Германија: Авганистанец закла Германка со која бил во врска

Mомче од Авганистан на возраст од 15 години барател на азил во Германија, ја шокираше цела држава откако ја уби неговата поранешна девојка, Германка на иста возраст.

Авганистанецот е уапсен откако ја сретнал својата поранешна девојка во една продавница и ја убил.

Тој ја нападнал со кујнски нож во продавницата, а таа по нападот починала од повредите.

Судијата му одредил притвор на Авганистанецот. Против него е подигнато обвинение за убиство со предумисла, а според германските медиуми, мотивот засега не е утврден.

Авганистанецот пристигнал во Германија лани и неколку месеци бил во врска со убиената Германка.

На 15-ти декември родителите на жртвата поднеле кривична против Авганистанецот поради закани кон нивната ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top