| четврток, 6 декември 2018 |

Апелацискиот суд го укина првостепеното решение за „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје, по одржаната јавна седница по предметот познат во јавноста како „Поткуп“, донесе одлука со која го укина првостепеното решение и предметот го врати на повторно застапување на првостепениот суд.

Како што соопшти Апелација, во текот на постапката и одлучувањето по Предлогот на одбраната за издвојување докази прибавени со посебни истражни мерки, поставен на рочиште за главната расправа, првостепениот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура кога по предлогот на одбраната за кој не постоела согласност од странките, наместо одлуката да биде донесена од Советот што бил во заседание, одлуката дополнително вон рочиште за главна расправа ја донел претседателот на советот со што во конкретниот случај излегол надвор од овластувањата утврдени со закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top