| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија стара 70 години: Овие деца исчезнале во пожар, а по 20 години стигнало писмо… (видео)

На божиќното утро 1945 година избил пожар во семејната куќа на Џорџ и Џени Содер. Тие само панично го гледале нивниот дом како гори, додека нивните 5 деца сеуште биле внатре.

На пожарникарите им биле потребни часови за да стигнат на лице место и да го изгаснат пожарот, но телата на петте деца никогаш не биле пронајдени.

Останале само прашањата, дали е можно да се достигнала толку висока температура, па телата целосно да се дезинтегрираат или станува збор за нешто друго ?

Иако оваа приказна е стара 70 години, жителите на Фејетвил во Западна Вирџинија и понатаму ја раскажуваат.

Таа бадникова вечер била вообичаена, Џорџ и Џени Собер, италијански имигранти, го исполниле “Американскиот сон” и изградиле дом во САД за своето бројно семејство. Тие заминале во кревет заедно со двегодишното девојче Силвија, додкеа останатите деца, Морис (14, Марта (12), Луис (9), Џени (8) и Бети (5) останале будни.

Најстарите синови, Џон (23) и Џорџ Џуниор (16) веќе заспале. Настарата сестра Марион внимавала на помладите браќа и сестри додека не заспала.

Околу полноќ, целото семејство потонало во сон. Но кратко потоа, заѕвонил телефонот во работната соба на Џорџ. Џени ја подигнала слушалката и слушнала чудно смеење. Очигледно е грешка, помислила таа. Тогаш забележала дека светлото е пуштено, што било многу чудно. Го исклучила и се вратила во кревет.

По еден час будењето станало кошмар. Мирис на чад од канцеларијата на Џорџ панично го пробудил семејството. Џени, Џорџ, Силвија, Џон, Џон Џуниор и Марион успеале да излезат, но петте деца останале во куќата. Никој не можел да им помогне поради скалите кои воделе кон нивната соба, а биле отсечени со пламенот.

Се обиделе да ги спасат, но не успеале. Иако екипите утврдиле дека пожарот е поради лошата инсталација, семејството било убедено дека е подметнат.

20 години после пожарот, на Содерови на својата адреса добиле писмо во кое имало фотографија.

На фотографијата пишувало Луис Содер, едно од момчињата кое наводно изгорело во пожарот. Несреќните родители се обиделе повторно да истражуваат, но починале не откривајќи што всушност се случило.

извор: galama.club

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top