Секој има предиспозиции за богатење, но повеќето луѓе, дури и оние кои многу работат и имаат среќа, прават погрешни чекори кои ги уназадуваат. Богатите луѓе имаат нешто заедничко.
Истражувачот Том Корли ги проучувал разликите во навиките на богатите луѓе и оние кои немаат многу пари. Тестирал две групи во период од две години и донел интересни заклучоци. Тој, вели дека ова се најчестите грешки кои ги правиме, а кои не кочат на патот кон богатството.
Избегнување на нови познанства
Богатите луѓе сакаат да запознаваат нови луѓе. 68% од богатите кажале дека уживаат во средбите со некој нов. Само 11% од сиромашните луѓе го кажале истото. Повеќето луѓе кои дошле до финансиска стабилност се труделе да остават добар впечаток за себе и го задржале. Не заборавајте да им ги честитате новогодишните празници на новите и старите познаници и другите важни денови и годишнини.
Верување во судбина
Можете да се потпрете на среќа или на судбина во ретки случаи, можеби кога правите избор помеѓу сина или црвена маичка, но кога станува збор за навистина важни прашања, богатите луѓе сметаат дека сами го одредуваат својот животен пат. Дури 90% од сиромашните луѓе за својата несреќа ја обвинуваат судбината, како и други фактори кои не можат да ги контролираат. За да ја подобрат таа состојба, своите пари ги вложуваат во игри на среќа и јасновидци, наместо во сопствено образование.
Омраза кон работата
„Го сакам тоа што го работам”. Оваа реченица ја кажуваат 85% од финансиски успешните луѓе. Сиромашните во својата работа гледаат повеќе недостатоци. Доколку не ви се допаѓа работата, треба да ја промените, наместо да се жалите.
Невнимание кон здравјето
Богатите луѓе посветуваат многу време и внимание на своето здравје. Ова вклучува посета на лекар, здрав начин на живот, спорт (76% од успешните луѓе вежбаат четири пати неделно), урамнотежена исхрана и недостаток на лоши навики. Од луѓето со ниски приходи само 13% ја гледаат врската помеѓу доброто здравје и успехот.
Неподготвеност за ризици
Само 6% од сиромашните луѓе прифатиле да ризикуваат подобрување на нивната финансиска состојба. Од друга страна, повеќе од 50% од богатите луѓе кои учествувале во експериментот, се согласиле на ист ризик, иако забележале дека барем еднаш во животот ризикувањето довело до големи неуспеси, но се обиделе да продолжат понатаму, наместо и понатаму да се фиксираат на нив.
Гледање реални шоуа
Од луѓето кои не се богати, 78% сакаат да гледаат воајерски емисии во кои гледачите следат поединости од туѓите приватни животи. Меѓу богатите луѓе, само околу 6% гледаат реални шоуа. Вреди и да се спомне дека богатите општо не гледаат многу телевизија. Истото важи и за интернетот – успешните поминуваат помалку од еден час на интернет, освен ако тоа нема врска со работата.
Не читање книги
„Да не се чита значи да не се размислува”, рекол одамна Достоевски. Со легендарниот писател се сложуваат 88% од богатите луѓе. Тие читаат книги за личниот развој, стручни материјали и историска литература најмалку 30 минути дневно. Само 2% од сиромашните посветуваат време на читање.
Спиење до доцна
Повеќето од деловните луѓе со високи приходи се будат најмалку три часа пред почетокот на својот работен ден. Во утринските часови ги планираат работите кои треба да ги направат и се посветуваат на телесна активност. Раното будење не значи дека не спијат доволно – 89% од нив спијат по 7 до 8 часа дневно, а навечер легнуваат во препорачаното време помеѓу 21 и 22 часот.
Дружење со негативни луѓе
96% од луѓето кои живеат од плата до плата, се дружат со некој кој сака да озборува и да се жали од својот живот. Успешните луѓе комуницираат со оние кои не се негативни, туку сосема спротивното. Зголемете го бројот на таквите околу себе со едноставно појавување на културни настани, волонтерски активности и посветувајте си време на самите себе додека не запознаете некој кој е вреден за вашето време.
Прекумерно трошење
Повеќето од сиромашните трошат многу повеќе отколку што заработуваат. Веројатно познавате луѓе кои купуваат скапи автомобили, телефони и останати работи на кредит, иако истото не можат да си го дозволат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.