| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во кралското семејство – Британија се крена на нозе поради несекојдневниот потег на идната принцеза

Кој би рекол дека нешто такво може да се случи во кралското семејство. Сите се дотерани, на место, со најубави модни парчиња. Меѓу нив, прв пат и Меган Меркл, свршеницата на принцот Хари.

Кралицата Елизабета во убав црвен костум, а тука е и останатото семејство. Кејт рака под рака покрај Вилијам, пристојна како и секогаш. Тука покрај нив е и Меган Меркл со Хари. После божиќната миса се смеела малку повеќе од  останатите. Се чинело дека многу и е интересно.

Тогаш фотографот фатил едно нејзино движење, а фотографијата го обиколи светот. Меган на сред поворката почнала да се кривади и да сложува различни фаци. Оние кои се наклонети кон поконзервативен пристап и однесување, сметаат дека овој гест на идната принцеза е скандалозен претставува непочитување на кралското семејство.

Други пак се воодушевени бидејќи Меган излезе од стереотипите и покажа дека е поразлична од останатите членови на кралското семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top