| четврток, 6 декември 2018 |

„Лајбах“ во март доаѓаат во Скопје

Култната словенечка група „Лајбах“ на 27 март 2018 година, ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје на кој ќе го претставуви фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“…

Настапот на групата е во низата концертни настани со кои Таксират фестивал идната година ќе го одбележи 20-тото издание.

Музиката за новиот албум, групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“.

Скопскиот концерт на Лајбах е во рамки на европската турнеја за „Also Sprach Zarathustra“, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги изведувале со години.

Влезниците за овој концерт се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс. Најповолната цена од 500 денари е ограничена само за првите 300 билети, а по нивното распродавање, вториот и третиот подеднаков контингент влезници ќе бидат достапни по цена од 600 и 700 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top